Ко-основачот и извршен директор на Twitter, одговараше на прашања од „твитерџии“ за познатиот портал Wired. Прашањата и одговорите можете да ги погледнете на видеото на крајот од статијата.

Дел од прашањата се приватни, дел може и не се толку интересни и важни, но некои од нив се прашања кои верувам повеќето кои ја користат мрежата би ги интересирале, а посебно одговорите и објаснувањата кои Дорси ги дава.

Едно од таквите прашања е зошто мрежата уште има лимит на големината на објавите или па зошто уште не се воведува често бараната можност за измена на веќе објавените твитови.

Без разлика дали се сложувате со објаснувањата на Дорси или не, сепак мора да се признае дека начинот на којшто функционира Twitter е дефинитивно посебен и се издвојува од тој на Facebook и Instagram, иако не баш целосно може да се направи споредбата помеѓу овие мрежи.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.