Премиерот на Австралија, Антони Албаниз, објави дека ќе предложи закон со кој ќе биде забрането користење на друштвените мрежи од страна на лица помлади од 16 години. Предлог законот ќе биде доставен во собранието во наредните две недели, а би стапил на сила една година по неговото донесување.
Забраната треба да важи за сите друштвени мрежи, односно за Facebook, Instagram, TikTok, X и слични.
Поддршка за овој закон дадоа и лидерите на сите држави кои се дел од федерацијата, што значи дека законот без проблем ќе помине во собранието кога ќе биде поднесен.
Како причина за овој закон се дава штетата која друштвените мрежи ја прават на младите корисници, а безбедноста и менталното здравје на младите мора да биде приоритет.
Секако, постојат и други мислења за која е целта на еден ваков закон кој би се донел во земја која имаше едни од најлошите начини на справување со „Корона“ кризата пред неколку години.