Фото: Shutterstock.com

Можеби Windows страната конечно доби сериозна конкуренција на одличните MacBook компјутери, но карактеристично за Microsoft, некои од работите не се движат баш брзо како што би требало. 

Секако, темата која беше актуелна уште од Windows Mobile, бројот на достапни апликации се’ уште не е на задоволително ниво за да корисниците посериозно почнат да размислуваат за купување на Copilot+ компјутерите. 

Тоа сепак ќе се промени наскоро, односно кога ќе биде пуштена официјално новината сега достапна во Canary каналот од Windows Insider програмата. 

Во основа, Microsoft го отвора пристапот до одредени додатоци на чиповите кои ќе можат да се користат преку Prism, „емулаторот“ кој овозможува апликациите кои не се изворно направени да функционираат на ARM архитектурата, сепак да можат да функционираат. 

Пристапот до овие додатоци веќе функционира за Adobe, а на тој начин од компанијата ја имаат овозможено нивната Premiere Pro 25 апликација на Copilot+ компјутерите. 

Додатоците кои ќе можат да се користат преку Prism вклучуваат такви како AVX, AVX2, BMI, FMA, F16C и други, клучни за функционирање на одредени апликации, иако не за Windows, како што истакнуваат од компанијата.

За корисниците ова ќе значи повеќе од апликациите кои се достапни на „стандардната“ Windows верзија, ќе станат достапни и на ARM, односно компјутерите кои работат со чиповите како Snapdragon X.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаАвстралија планира закон за забрана за користење на друштвените мрежи од страна на деца помлади од 16 години
Следна статијаРодители од Карпош утре ќе дискутираат за врсничко насилство на работилница на „Макпетрол“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.