До веб страната на ChatGPT сега може да се стигне уште полесно, односно со помалку пишување. OpenAI го пушти chat.com доменот, кој сега пренасочува кон chatgpt.com.
Тоа што е интересно кај оваа вест повеќе е цената која изгледа ја имаат платено од компанијата, која изнесува повеќе од 10 милиони долари.
Досегашниот сопственик на доменот беше Дармеш Ша, кој е основач и главен технички директор на HubSpot. Тој наводно го нема купено доменот со цел да го продаде во иднини за повеќе, а го купил зошто сметал дека разговорите со „компјутер“ се наредната голема работа.
Продажбата на доменот на OpenAI ја објавува тој преку X, каде истакнува дека досега не можел да каже за која компанија се работи. Со оглед на тоа што доменот сега официјално пренасочува кон ChatGPT, информацијата веќе е јавна.