Фото: Shutterstock.com

Tesla почна на своите корисници да им нуди можност за вклучување на додатни можности од нивниот познат Autopilot систем, наречени FSD – Full Self-Driving. Месечната претплата за вклучување на додатната функција е 199 долари, а за сопствениците на постари модели кои ги немаат потребните карактеристики, надградбата изнесува 1500 долари.

FSD како функција Tesla го нудеше веќе одреден период, но корисниците за тоа требаа да платат 10.000 долари однапред, па воведувањето на месечна претплата е многу подостапен начин, посебно што корисниците можат да ја откажат кога сакаат.

Иако името асоцира на тоа дека со 199 долари месечно, корисниците добиваат автономен автомобил, тоа сепак не е случајот. Од Tesla вака ги нарекуваат дополнителни можности на Autopilot системот кој е понапреден „темпомат“ кој може да го одржува и правецот на движење.

FSD додатокот овозможува и навигација за време на Autopilot, автоматска промена на ленти, автоматско паркирање, повикување на автомобилот, како и контрола врз основа на семафори и знаци.

Од Tesla истакнуваат дека FSD не го прави автомобилот автономен и дека тие можат да ја откажат можноста за корисниците кои истата ќе ја злоупотребуваат, а за истото веќе имаме видено повеќе видеа.

ИЗВОРCNBC
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаВо Амстердам пуштен во употреба првиот 3D отпечатен мост во светот
Следна статијаHuawei Site Power го доби првиот IEC 62443-4-1 ML3 сертификат за сајбер безбедност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.