Фото: Shutterstock.com

За време на годишното собрание на акционери, Tesla најави дека го има произведено својот 3 милионити електричен автомобил. Достигнувањето на бројката се има случено изминатите неколку недели, што значи дека истата е веќе надмината.

Ова е голем успех за Tesla кои пред 10 години имаа проблем со доволно големо производство, па дури имаше ситуации на доцнење на нарачки на автомобилите.

Покрај стандардните фабрики, Tesla сега има и 4 гигафабрики од кои едната ја отвори оваа година во Германија. Оваа гигафабрика треба да произведува 500.000 возила годишно, но таа бројка уште не е достигната.

Од компанијата сакаат до 2030 да произведат 20 милиони автомобили, нешто што засега делува дека не би можело да се оствари. За да може да се достигне оваа бројка, Маск истакнува дека ќе им бидат потребни 12 гигафабрики кои ќе произведуваат во нивниот полн капацитет.

ИЗВОРElectrek
Претходна статијаДоаѓаат одлично оценети филмови на Pickbox NOW
Следна статијаApple го враќа процентот на батеријата кај поновите iPhone телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.