Како што беше најавено во октомври оваа година, Tesla во текот на вчерашниот ден ги достави првите Semi камиони на своите клиенти. Како прв клиент е познатата компанија PepsiCo, кои имаат резервирано 100 Tesla Semi камиони.
Доставувањето на првите произведени камиони Tesla Semi беше одбележано со посебен настан, а ова дефинитивно е голем период за компанијата која камионот го претстави пред пет години. Производството требаше да започне во 2019, но беше одложено поради корона кризата која доведе до затворање на фабриките и недостапност на потребни делови за работа.
Tesla Semi е целосно електричен камион влекач кој има четири независни електрични мотори на задната оска. Може да помине до 800 километри со едно полнење целосно натоварен, а како доказ за тоа Tesla објави видео во кое Semi вози од Фремонт, Калифорнија до Сан Диего.
Забрзувањето од 0 до 100 километри на час може да се постигне за 20 секунди. Целиот дизајн на камионот, како и неговата внатрешност се футуристички и во стилот на Tesla.
Настанот на кој беше одбележан почетокот на доставата на првите камиони, можете да го погледнете во продолжение.