Apple оваа недела ги објави победниците на апликации на годината на различните уредите кои ги имаат, за првпат доделија и награда за поткаст на годината.

Наградата, која е во форма на логото на Apple Podcats апликацијата, беше доделена на Slate поткастот за нивното шоу Slow Burn и најновата сезона „Roe v. Wade“, во која се разгледуваат случувањата кои довеле до познатата одлука на Врховниот Суд во САД во 1973.

Укинувањето на одлуката оваа година во САД доведе до доста поделба, од една страна поддршка, од друга обвинување за нарушување на основните човекови права.

Поради видот на темата, се поставува и прашањето дали Apple оваа награда ја имаат доделено според популарноста, односно слушаноста на поткастот или тие сепак самите имаат одлучено врз основа на други фактори.

Apple почна да дава поголемо значење на нивната апликација за поткасти, а сега може да се очекува дека секоја година ќе биде доделувана наградата за поткаст на годината. Се надеваме само дека нема секоја година наградата да се доделува поради „политичко и општествено влијание“, туку дека ќе помине и некој навистина популарен поткаст.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаСе отвори ФабЛаб СКОПЈЕ на Машински Факултет – место каде вашите идеи добиваат форма
Следна статијаTesla ги достави првите камиони влекачи на своите клиенти пет години од претставувањето на Tesla Semi
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.