Airbus објави дека започнале со развој на мотор за авиони кој како погон би користел горивни ќелии со водород. Ова е нешто што веќе се користи кај автомобилите, па е до некаде нестандардно за користење кај авионите.

Од компанијата истакнуваат дека има два начина на кои може да се користи водородот како извор на енергија кај авионите. Едниот е преку користење за мотор сличен како кај млазните авиони, преку согорување на водород во гасна турбина. Вториот е преку користење на горивни ќелии кои би произведувале електрична енергија за придвижување на пропелери.

Вториот начин е тој кој се користи во автомобилската индустрија, а е и истиот на кој работат од Airbus за нивните мотор.

Планот е да се почне со тестирање на моторот до половината на декадата, а за таа цел ќе се користи и A380 MSN1 авионот во кого ќе бидат поставени потребните резервоари за течен водород.

Овој вид на мотор би можел да се користи за авион кој би превезувал до 100 патници на оддалеченост од 1000 наутички милји, односно нешто повеќе од 1800 километри. Со други зборови, авионот би бил за пократки, регионална летови. Има време додека бидат развиени еколошки мотори за долгите летови.

Airbus во оваа фаза не даде повеќе информации, па ќе биде интересно да се почека и да се види резултатот кога ќе започнат со тестирање.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаTesla ги достави првите камиони влекачи на своите клиенти пет години од претставувањето на Tesla Semi
Следна статијаGoogle додаде шифрирани групни разговори кај нивната Messages апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.