Twitter конечно воведе поддршка за 4К слики на нивната Android и iOS апликација

Новата можност се вклучува посебно за сликите кои се прикачуваат и за сликите кои се гледаат

Twitter мобилната апликација конечно ја добива можноста за прикачување и разгледување на слики во 4К резолуција или поточно резолуција од 4.096 на 4.096 пиксели. Ова е нешто што секако се смета за неопходно во 2021 година кога повеќето имаат слики со оваа висока резолуција за објава.

Претходниот лимит сепак не беше лош, односно максималната резолуција поддржана од апликацијата беше 2.048 на 2.048 пиксели.

Поддршката за слики во 4К резолуција доаѓа во два дела, односно корисниците имаат избор да вклучат прикажување на сликите од мрежата во 4К, а посебно нивно прикачување. Покрај ова, може да се избере дали оваа нова можност ќе функционира само на Wi-Fi или на Wi-Fi и на мобилна мрежа, а може и целосно да се исклучи.

Прилагодувањата за 4К сликите може да се направи преку „Data Usage“ делот во прилагодувањата на Android и iOS апликацијата.

Оваа можност сепак не е целосно нова, односно поддршката за 4К слики беше достапна преку интернет прелистувач на десктоп.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНов предизвик на ФИТР: „Стартап херои”- Од супер идеја до супер маркет
Следна статијаSamsung сака старите Galaxy уреди да ги користите за креирање на паметен дом
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.