Како што беше најавено неколку пати досега, а и со официјалното завршување на поддршката за стариот Microsoft Edge минатиот месец, од оваа недела овој прелистувач веќе не е дел од Windows 10.

Edge Legacy, како што го нарекува Microsoft, со вчерашната стандардна надградба која обично е во вторник во месецот, е тргнат од Windows 10, а на неговото место е инсталирана новата верзија од Edge.

Новата верзија од Microsoft Edge е направена на основа на Chromium кодот кој го развива Google и на чија основа е направен Google Chrome, како и повеќе други познати прелистувачи, како Brave, Opera и слични.

Со оваа одлука може да се каже дека Microsoft конечно повторно на пазарот нуди прелистувач кој вреди да се користи, па иако по бројот на корисници тој е далеку од тоа да го стигне Chrome, сепак се покажува како повеќе популарен од Mozilla Firefox.

Со инсталацијата на Edge со вчерашната надградба, корисниците секако не се принудени да го користат. Доколку тие се корисници на некој друг прелистувач, тој ќе можат да продолжат да го користат.

ИЗВОРBleeping Computer
Претходна статијаSamsung ќе го претстави досега најмоќниот Galaxy на 28-ми април
Следна статијаWorkstation машина за работа од дома на вистинските професионалци
Avatar
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.