Како што беше најавено, минатата недела, поточно на 9-ти март официјално заврши поддршката за стариот Microsoft Edge, односно како што сега го нарекуваат од компанијата, Legacy Edge. Ова значи дека овој прелистувач веќе нема да добива било какви надградби, ниту безбедносни, па ова е моментот кога веќе не се препорачува корисниците да продолжат да го користат.

Без разлика дали некои корисници ќе продолжат да го користат Legacy Edge, Microsoft ќе го отстрани целосно од Windows 10 со посебна надградба која ќе биде пуштена идниот месец. Со оваа надградба исто така ќе им биде инсталиран новиот Microsoft Edge кој сега е направен на основа на Chromium кодот и е конечно одличен прелистувач кој овозможува конкуренција.

Корисниците секако не се натерани да го користат Microsoft Edge, иако стои како препорачан во Windows 10. Тие можат кога сакаат да го симнат и инсталираат својот омилен прелистувач и да го користат него.

Иако нема корисници на кои ќе им недостига стариот Edge, како што истакнуваат од The Verge, ова е крајот на развојот на посебна веб технологија од страна на Microsoft, нешто што од компанијата го прават уште од Internet Explorer. Со одлуката на Microsoft да го користи кодот од Chromium, оваа веб технологија станува уште повеќе користена.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle Messages автоматски ќе ги брише пораките со код од дво-факторска автентикација
Следна статија„Синами“: Нова приказна во македонскиот ИТ ќе го освојува светскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.