Руските граѓани стравуваат дека со потпишувањето на новиот закон со кој ќе се забрани продажба на паметни гаџети, кои немаат однапред инсталирани апликации од руско производство, владата полесно ќе може да ги шпионира и да им ја наруши приватноста.

Овој закон ги опфаќа сите уреди како смартфони, компјутери и паметни телевизори. Тој ќе стапи во сила од јули 2020 година.

Јавноста претпоставува дека со овој чекор Русија се обидува до го отстрани Apple од својот пазар.

Според портпаролот на претседателот, Димитриј Песков, со овој потег ќе им се даде предност на руските девелопери и ќе ги заштити нивните производи.

„Кога купуваме уреди, тие имаат однапред инсталирани апликации кои се, главно, по западен терк. Кога ќе ги видат, корисниците може да помислат дека не постојат домашни алтернативи. Ние им даваме право на избор на корисниците, со тоа што покрај веќе инсталираните апликации ќе им понудиме и домашни”, изјави ко-авторот на законот, Олег Николаев.

Многумина мислат дека со ова ќе ѝ се овозможи на владата да ја зголеми контролата врз својот народ и да успее во цензурата која се обидува да ја воспостави. Рускиот претседател, Владимир Путин, во мај годинава потпиша закон за креирање нова интернет мрежа која би се користела во Русија со цел заштита од надворешни напади. Со тоа, тие би се одделиле од глобалниот интернет и би имале целосна контрола врз тоа што можат да гледаат руските жители.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2VB
Претходна статијаGoogle Photos добива нов дел за полесно споделување на слики преку кој ќе може и да се прават разговори
Следна статијаПаметните телевизори – забава или потенцијална закана