Пред некој месец пишувавме за исклучување од светската интернет мрежа кое се планира во Русија како тест за предлог закон чија цел е зголемување на независноста на земјата од остатокот од светот.

Како главна причина за овој закон се наведува оваа независност, која треба да овозможи заштита на земјата доколку дојде од некои причини исклучување од мрежата од страна на другите земји.

За таа цел, во Русија планираат правење на сопствен DNS сервер, а државната агенција за регулирање на комуникациите Roskomnadzor ќе плати за инсталација на посебна мрежна опрема кај операторите преку која ќе може да прави пренасочување на сообраќајот по потреба.

Законот којшто досега беше во фаза на предлог, па донесување, сега е официјално донесен и потпишан од претседателот Владимир Путин. Тој ќе стапи официјално во сила до ноември оваа година, а операторите ќе имаат рок до 2021 година да се прилагодат и да почнат да се придржуваат до правилата.

Иако како причина за овој закон се истакнува независноста и заштитата на Русија кога е во прашање интернет мрежата, како главна причина, а посебно од активистите за човекови права и слободи, се истакнува контролата на интернет сообраќајот од страна на властите.

Русија веќе е позната по тоа дека врши контрола и забрана на голем дел од интернет сообраќајот, нешто што сега ќе може да го прави без потреба од операторите.

Интернет просторот е нешто што властите во целиот свет веќе со години наоѓаат начин како подобро да го контролираат, а тоа не ретко и веќе им успева. Разликата помеѓу западот и Русија и Кина, на пример, е што овие две земји работите ги прават многу подиректно и јавно, додека западот посуптилно и скриено.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаWindows 10 ќе добие заоблени агли како дел од промените во корисничкиот интерфејс
Следна статија„Safely Remove Hardware“ веќе не мора да се користи во Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.