Google Photos добива нова функција која слободно може да се спореди со таа која беше достапна на YouTube, но беше укината пред околу 3 месеци.

Се работи за можноста да корисниците на апликацијата прават разговори без потреба од вклучување на посебна апликација, односно некоја од другите апликации како Messenger, Viber и слични.

Разговорите ќе може да се прават во посебен дел кој е достапен за споделување на слики, по што логично би било да се очекува дека корисниците би сакале да дадат и по некој коментар за споделените слики.

Со ова корисниците добиваат и поедноставен начин за споделување на слики преку Google Photos, нешто за кое досега мораше да се направи албум или да се испрати линк кој потоа треба да се отвори.

Според мене ова е одлична функција, а истата беше одлична и на YouTube. Дали од Google сметаат дека иако истата не беше користена на YouTube, ќе се користи повеќе на Google Photos, ќе видиме дали тоа ќе се покаже како точно.

Како и да е, дел од реакциите на оваа новина се до некаде и со потсмев, поради огромниот број на апликации за разговори кои ги имаат претставено од Google, а најголемиот дел од нив се веќе откажани.

Новата можност на Google Photos ќе биде достапна на мобилните апликации од сервисот, како и преку веб. Истата постепено се пушта, што значи ќе им стане достапна на сите во неделите што следат.  

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаТри невообичаени начини да се справиме со климатските промени
Следна статијаРусија со нови мерки на „заштита“ во дигиталната ера
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.