Слика од Iván Tamás преку Pixabay

Факт е дека климата се менува. И факт е дека човекот – и нашето загадување – има клучно влијание. Секако, постои веројатност затоплувањето да е и до одредени природни фактори, но сепак истата е мала. И уште еден факт: без разлика што науката околу климатските промени е (горе-доле) неспорна, НЕ постои консензуз околу решенијата на овој глобален проблем.

Мала дигресија. Како либерал, интервенционистичките решенија – повеќе пари во државната каса на располагање на политичари и бирократи, покачување даноци и забрани на бизниси кои не се популарни – ниту ми се економски рационални, ниту пак мислам дека се политички изводливи во глобален контекст (особено што треба да постои глобален договор помеѓу страни кои не можат за ништо да се согласат и семоќен државен апарат кој нема да биде подложен моќта да ја искористи од одредени бизниси за рушење на конкуренција или corporate welfare).

Но и ова на страна. Се согласувам со пристапот на Насим Талеб за ова прашање:

Имаме само една планета [засега: м.з.]. Овој факт радикално ги ограничува видовите на ризици кои се соодветни да се превземаат на глобално ниво. Дури и ризик со многу мала веројатност станува неприфатлив кога не афектира сите – нема поправен испит за грешка од овој размер.

Така да, сакам да видам решенија и некој вид на контрола на климата, колку и ова да звучи смешно („Човекот си игра Бог“). Еве една куса листа од три интересни, невообичаени, па и малку луди НЕ-интервенционистичко-бирократски експерименти кои можеби ќе функционираат (или ќе успеат да го влошат проблемот како во Snowpiercer за што цитатот од Талеб е исто апликативенJ):

Научници од Weizmann Institute of Science од Израел експериментирале со бактеријата E.coli цела деценија. Со помош на техники на генетско модифицирање и ја промениле „диетата“ па наместо да конзумира шеќер и други органски молекули, истата се храни со јаглерод диоксид. Како што објаснуваат научниците, ова е „proof-of-concept“ (доказ дека идејата би можела да профункционира во реалност) за што ќе истражуваат во наредните години.

СФ идеја од професор Roger Angel, станува збор за изградба на огромен „соларен штит“ кој ќе содржи безброј леќи кои би ги одбивале сончевите зраци (за одреден процент). Резултат? Ја штити Земјата од затоплување. Проблемот е што проектот засега звучи лудо и непрактично. И многу скапо. И ако се случи некој дефект, отидовме во неповрат.

Поточно, парите на Бил Гејтс кој инвестира во соларен гео-инжинеринг. Станува збор за гео-инжинеринг (експериментирање со технологија со цел да се контролира климата) со цел да се создаде ефект како да се случила џиновска ерупција на вулкани. Идејава вклучува илјадници авиони како прскаат нешто што не разбирам воопшто со цел да се создаде хемиски облак кој би ја ладел површината на Земјата.

Шала на страна, бактеријата ветува најмногу. Па после Бил Гејтс, па соларниот штит со политиката (разни „Green New Deals” булшит) ми е на исто рамниште.

Без разлика, очигледно ќе ни треба среќа многу.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.