Facebook

Повеќе од 2 милијарди корисници, односно скоро третина од светското население е на Facebook. Тоа е изгледа бројка на која е премногу тешко да се одолее и да се навлезе во собирање на секакви информации за корисниците.

Facebook неколку пати досега пушта апликации кои се користат за собирање информации за кои корисниците и не ни знаеле до кој степен, а во еден случај тоа се правеше со апликација која требаше да овозможи заштита и заштеда на сообраќајот.

Сега од Facebook претставија нова апликација, која овој пат изгледа треба да покаже дека ја имаат научено лекцијата.

Facebook Viewpoints е апликација која директно кажува дека е тука за да корисниците се вклучат и учествуваат во истражувања, анкети и задачи, а резултатите треба да им помогнат на Facebook да ги подобрат своите производи.

Апликацијата дури им дава на корисниците поени, кои потоа им се исплаќаат во форма на пари на нивната PayPal сметка.

При пуштањето на нова анкета или истражување, на корисниците точно им се кажува кои се информации ќе треба да ги овозможат, а истото е случајот и при инсталирањето на апликацијата.

Апликацијата за почеток е достапна само за корисниците кои имаат Facebook сметка и имаат над 18 години и живеат во САД. Со тек на време од компанијата планираат проширување на достапноста и во други земји.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.