Нова функција како дел од Google Assistant која Google ја најави во септември, почнува да станува достапна за одредени телефони и може да се каже дека е навистина корисна, иако мала.

Функцијата официјално е наречена Ambient Mode и се вклучува кога телефонот е ставен да се полни. Во тој случај, на екранот се прикажуваат информации од типот на кој е наредниот состанок, кој е наредниот аларм или негово вклучување, а исто така од овој екран корисниците ќе можат да го контролираат и нивниот паметен дом.

За да екранот биде поинтересен, наместо само на темна позадина, може да се избере на него да се прикажуваат сликите од телефонот.

Вакво нешто дефинитивно може да биде корисно и интересно за корисниците кои го полнат својот телефон на „док“ безжично, па телефонот цело време е насочен кон нив. Кога веќе е таква ситуацијата, сигурно екран пополнет со информации е нешто што е подобро од само празен екран, кој евентуално го прикажува времето и иконите од известувањата.

Како изгледа оваа нова функција Google прикажува на видеото кое можете да го погледнете на почетокот од статијата.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.