Windows 10 верзија 1909 или како што се нарекува November 2019 Update, официјално стана достапна пред десетина дена, иако тие што сакаа можеа и порано да ја инсталираат преку приклучување на Insider програмата.

Оваа надградба беше поразлична од претходните на Windows 10, односно ја прекина практиката на пуштање две поголеми надградби во текот на годината.

Windows 10 November 2019 Update донесе многу малку новини, кои исто така не беа значителна промена во начинот на функционирање на работите. Поради тоа, самата инсталација беше како и другите помали надградби, односно како безбедносните месечни надградби.

Кога Microsoft најави дека оваа надградба ќе биде ваква, не даде повеќе информации, па се доби впечаток дека и наредните можеби ќе бидат исти или дека идната година исто така може да се очекува само една поголема надградба.

Сепак, од компанијата истакнуваат дека тоа не е планот, па иако не може точно да се каже што се планира, оваа година беше исклучок, па идната година би требало да очекуваме две поголеми надградби.

Кога ќе се земе во предвид дека идната година ќе биде пуштена и Windows 10 X верзијата, сигурно може да се очекуваат и нови информации за тоа во кој правец ќе се движи Windows 10 како оперативен систем.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаFacebook има тестирано, па откажано апликација која ги препознава корисниците на мрежата преку скенирање на лицето со камерата
Следна статијаGoogle Assistant Ambient Mode се вклучува додека телефонот се полни и го прави екранот место за повеќе информации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.