„Stories“ форматот на објава кој започна на Snapchat, пред да го преземе Instagram и да го направи сеприсутен, веќе и не чуди кога ќе го видиме на било која апликација. Има и причина зошто е така, па брзото споделување на слика или видео кои исчезнуваат по одреден краток период, е одличен начин да се прикаже нешто кое нема потреба да остане видливо на профилот подолго време.

Xbox апликацијата од Microsoft на iOS и Android станува уште една апликација која воведува можност за споделување на Stories. Од компанијата најавија дека оваа новина започнува во Австралија, па во периодот што следи ќе им стане достапна на повеќе корисници.

Stories на Xbox функционира како што би се очекувало. На главната страна од апликацијата достапни се малите „кругчиња“ кои асоцираат на овој формат кај другите мрежи. Корисниците можат да ги гледаат, да оставаат коментари и брзи реакции.

За разлика од другите мрежи, на Xbox „приказните“ ќе може да се гледаат во рок од 72 часа, а тоа е можеби и логично со оглед на тоа што корисниците на оваа апликација повеќе време поминуваат играјќи игри, отколку разгледувајќи ја апликацијата за нови објави.

При објавата на Stories може да се користат слики, кратки видеа од игрите, како и постигнатите резултати. Како и на другите мрежи, при изборот на тоа што се сака да се објави, може да се додаде и некој текст, по што се прави објавата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаАУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“ за подигнување на свеста за заштита на животната средина
Следна статијаTwitter тестира можност за објава само на избран „круг“ на пријатели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.