Twitter започна со тестирање на нова функција која посебно ќе им се погоди на корисниците кои имаат јавни профили кои се следени од голем број на луѓе. Оваа новина, Twitter Circle, се споредува со Close Friends функцијата на Instagram, па тие што ја користат ќе можат лесно да разберат за што се работи.

Од Twitter истакнуваат дека новата функција моментално се тестира, што значи дека пристап до истата имаат само ограничен број на корисници, а нема најави кога може да се очекува за сите. Со оглед на тоа дека се работи за доста корисна функција, може да се очекува дека сепак таа ќе им биде пуштена на сите во периодот што следи.

Twitter Circle ќе им овозможи на корисниците да додадат до 150 луѓе на кои ќе можат да им споделуваат посебни објави, односно кога објавуваат можат да изберат таа објава да им биде прикажана само на корисниците во „кругот“.

За разлика од некои слични функции, на Twitter ќе може да се креира само еден „круг“, а неговите членови ќе може да се менуваат без никакви ограничувања.

Оваа функција е одлучна за корисниците кои објавуваат јавно и имаат голем број на следбеници. Не се што се објавува мора да биде видено од сите, а посебно од големиот број на непознати следбеници. Со Twitter Circle овие корисници ќе можат послободно да објавуваат на својот поблизок круг на пријатели.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаXbox апликацијата на мобилните добива поддршка за споделување во познатиот „stories“ формат
Следна статијаДостапна првата верзија од One Outlook апликацијата која треба да ги унифицира сите „имејл“ апликации од компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.