trees-for-cars

Trees for Cars е апликација достапна за iOS и Android чија основна намена е спојување на луѓе за carpooling. Во случај да не сте запознаени со овој термин, carpooling е израз кој што се користи за луѓе кои што користат еден автомобил за одење на некоја заедничка дестинација, наместо секој посебно да оди со својот автомобил. Како што стои во објаснувањето на апликацијата, секој автомобил на улиците придонесува за загадувањето на воздухот испуштајќи CO2 (јаглерод диоксид). Користејќи ја Trees for Cars за да најдете превоз во вашата близина, вие ќе и помогнете на околината затоа што повеќе заеднички возење значи помалку автомобили на улиците.

Апликацијата функционира на тој начин што после најавувањето избирате дали барате превоз, или сакате да понудите превоз, па ве поврзува со луѓето кои ја користат апликацијата и се во вашата близина, соодветно на нивниот избор.

Она што ја издвојува оваа апликација од другите и ја прави интересна е приказната за нејзиниот програмер. Се работи за Leo Grand од New York кој што е бездомник откако ги има изгубено својата работа и домот во 2011 година. На него му приоѓа Patrick McConlogue, програмер кој што добива идеа како да проба да им помогне на бездомниците откако го има видено Leo. Му понудува избор помеѓу 100 долари или бесплатен компјутер, книги за Java програмирање и часови по програмирање. Како што кажува Leo, кој што од мал бил заинтересиран за наука, веднаш се одлучил за вториот избор. Како што му е ветено, така Leo ги добива компјутерот, книгите и часовите по програмирање. Резултатот на сето тоа е апликацијата Trees for Cars, која можете да ја симнете во App Store за iOS или Play Store за Android. Истата чини 0,99 долари.

Во продолжение погледнете ја репортажата направена од CNN, која ја раскажува оваа приказна, а и видеото во кое Leo на кратко ја објаснува апликацијата.

Претходна статијаПлаќање со пластични шишиња во метрото во Пекинг
Следна статијаNokia сепак развива Android телефон?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.