Пекинг е еден од најголемите градови во светот, каде како последица на брзиот раст во последните децении стана еден од водечките градови кој произведува најмногу отпад на ниво на домаќинства. Бројката изнесува околу 20 000 тони отпад од домаќинстава дневно што претставува сериозен предизвик за локалните власти.

beijing-1

Едно од идејните решенија кои се развиени за таа цел е наменето и за подземната железница. Имено, подземната железница на Пекинг е трета по големина на опслужување, која во просек ја користат повеќе од 9 милиони луѓе дневно. Се наоѓа веднаш зад подземните железници на Сеул (Јужна Кореа) и Москва(Русија).

Од неодамна оваа подземна железница станува позната по тоа што за прв пат се воведе помалку необичен начин за купување на билет. Воведени се рециклирачки машини каде плаќањето на билетот може да се изврши со пластични шишиња.

beijing-2

Ваквите “паметни” рециклирачки машини функционираат на тој начин што во зависност од  ставеното пластично шише може да добијат и до 25 Фени (1,5 денари) кој може да ги искористат како кредит за купување на билет. Ако ја земеме во предвид цената на билетот, тогаш би ни требале околу 20 шишиња за 1 билет.

beijing-3

Во град како Пекинг, каде подземната железница е главно превозно средство за оние кој немаат автомобил или едноставно не сакаат да заглавуваат во сообраќајниот метеж, ова претставува добитна комбинација. Обезбедувате инстант кредит на електронската картичка, ги охрабрувате луѓето да користат јавен превоз и истовремено ја зачувувате животната средина.

Од компанијата “INCOM” која е производител на овие машини велат дека планираат да постават околу 3000 машини на најразлични локации вклучувајќи ги и училиштата, трговските центри, автобуските станици итн.

Можеби, навидум овој пристап е занемарлив во однос на целокупниот проблем кој жителите на овој град го имаат со загадувањето, меѓутоа со овој чекор се покажува дека еколошката свест кај луѓето е сепак присутна.

 

 

 

Претходна статијаПроизводство на електрична енергија на 15 000 m надморска височина?
Следна статијаTrees for Cars апликација направена од бездомник кој научил да програмира