nokia-android

Веќе одреден период се шпекулира за можноста Nokia да пуштат на пазарот мобилен телефон кој што работи на Android оперативниот систем. Голем број на луѓе сметаат дека Nokia требало уште на самиот почеток да го избере овој оперативен систем како главен, наместо Windows Phone кој што моментално е оперативниот систем кој што се нуди со нивните најдобри модели. Покрај Windows Phone од Nokia има и серија на мобилни телефони наменети за купувачите на евтини уреди, кој што работи на изменета верзија на познатиот, но веќе стар и непопуларен Symbian OS, наречен Asha.

Според најнови информации до кои што има дојдено порталот The Verge од Nokia сепак развиваат ваков мобилен телефон, кој што во главно ќе биде наменет да ја замени евтината Asha линија, која што не успеа да се пробие како популарен избор кај оваа група на купувачи. Кодното име кое се користи за овој можен телефон е Normandy и доколку биде пуштен во продажба тоа би било во 2014 година.

Сепак не е познато дали купувањето на Nokia од страна на Microsoft ќе ги смени овие и така непотврдени информации. Оперативниот систем на Microsoft, Windows Phone е наменет и за евтините уреди, па не би било веројатно дека Microsoft би сакале да продолжат со развивање на Android телефон, кога ќе го преземат раководењето со Nokia.

Претходна статијаTrees for Cars апликација направена од бездомник кој научил да програмира
Следна статијаUbuntu Touch телефон во 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.