Сопствениот на една од најпознатите апликации за разговори, Telegram, објави соработка со xAI и интеграција на Grok во апликацијата. Павел Дуров ја најави оваа соработка преку X и истакна дека корисниците можат да ја очекуваат интеграцијата на Grok од ова лето.
Интеграцијата би донела неколку очекувани функции за корисниците на Telegram, како што е сумирање на пораките, проверка на информациите во разговорите, како што тоа сега е достапно на X, како и можност за разговарање со Grok и генерирање на слики и стикери.
Дуров во најавата истакна дека соработката помеѓу Telegram и xAI ќе донесе и финансиска стабилност на компанијата преку исплата на 300 милиони долари во кеш од страна на xAI, дел преку акции, како и 50% приходи од сите претплати направени преку Telegram.
Соработката се најавува дека е договорена за една година, со што Grok ќе биде донесен на повеќе од милијарда корисници на Telegram.
Дали овој договор дефинитивно е направен и што ќе биде со оваа најава не е баш до крај јасно поради коментарот кој го остави Елон Маск на објавата од Дуров во која истакнува дека никаков договор не е потпишан.
Според информациите, договор сепак се преговара и би требало да биде официјализиран до ова лето, па ќе видиме дали може да испадне нешто друго.