Старата верзија на Skype престанува со работа на 1 септември. Тоа беше насловот на веста која ја објавивме во јули, но сепак ќе треба уште една таква пред навистина ова да се случи.

Microsoft го одложи укинувањето на старата верзија од Skype, односно како што е нарекувана Classic Skype или по бројот на верзијата Skype 7. Причината за одложувањето беше големата реакција која дојде од корисниците кои се’ уште не се спремни да се префрлат на новата верзија од апликацијата, односно на Skype 8.

Критиките за Skype 8 во главно доаѓаат поради исфрлувањето на одредени корисни функции, а вклучување на нови кои скоро никој не почна да ги користи, со познатиот обид на Skype да ја редизајнира апликација повеќе во правец на Snapchat и Messenger.

Реакциите на корисниците беа доволно големи и бројни да Microsoft малку по малку ги враќаше најмногу користените функции од апликација, а ги тргна целосно непотребните, задржувајќи го, според мене, одличниот нов кориснички интерфејс на апликацијата.

Овој пат дефинитивно, поддршката за Skype 7 завршува на 1 ноември за десктоп верзијата, а на 15 за мобилната верзија. Од компанијата истакнуваат дека апликациите може ќе функционираат и по оваа дата, меѓутоа тие препорачуваат корисниците да ја инсталираат најновата верзија.

Најверојатно Microsoft не планира веднаш да ја прекине старата верзија, па ќе им дозволи на корисниците доволно време за да ја инсталираат поновата, додека старата веќе нема да биде ажурирана, а сигурни сме дека од компанијата ќе почнат да исклучуваат одредени функции.

ИЗВОРSkype
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаКондор – завера која им се заканува на милиони луѓе
Следна статијаКако да проверите дали ви е безбеден рутерот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.