Во филмот на Полак секој владин агент е осомничен, но серијата „Кондор“ на Тод Катзбург, Џејсон Смиловиц (чии корени се од Хрватска) и Кен Робинсон не е толку политички настроена, иако се занимава со моралот на владата и на големите „бизниси“.

Филмот „Три дена на кондорот“ е заснован на книгата од 1974 година, „Шест дена на кондорот“ од Џејмс Грејди, додека серијата го следи младиот аналитичар на ЦИА, Џо Тарнер (Макс Ајронс), кој развива алгоритам што помага за препознавање терористи.

Но, кога Џо открива дека неговиот софтвер се користи за шпионирање на американските граѓани, неговиот идеализам е разнишан. Џо е присилен да ги преиспита својата личност и своите способности за да ја разоткрие заверата што им се заканува на милиони луѓе. Кога се случува масакр во неговата канцеларија, овој брилијантен аналитичар е присилен да тргне во борба со најопасните елементи на воено-индустрискиот комплекс.

За сѐ има цена

„Кај мојот карактер Џо ми се допаѓа што ги препознава проблемите во општеството и политиката, но сепак не знае кој е вистинскиот начин да се носи со нив. Во подоцнежните епизоди ќе го видите Џо кога бил помлад и имал бунтовнички инстинкт. Ќе се запрашате како живееме на начинот на којшто живееме. Сите ние возиме автомобили што можеме да си ги дозволиме, облека што ни одговара, имаме пристап до протеини, на пример пилешко. Но, сѐ си има цена кога е во прашање националната сигурност“, рече главниот актер Макс Ајронс, кој се осврна и на феноменалната актерска постава со која секој ден минувал долги часови на снимањето.

„Ова е вторпат да работам со Вилијам Хурт и бев воодушевен. Таа негова енергија и желбата за истражување на емоционалната вистина – тој во тоа нема граници. Тој има толкава сила пред камерите, а и зад нив, но исто толку е и кршлив и чувствителен“.
Ајронс призна дека бил нервозен затоа што сфатил дека ја презема улогата од неверојатно харизматичниот Роберт Редфорд.

Серијата „Кондор“ можете да ја гледате од 1 октомври на www.pickbox.tv, а ако сѐ уште не сте го сториле тоа, искористете го пробниот период од 30 дена во којшто можете да ја гледате целосната содржина сосема бесплатно.

Претходна статијаСкопје Сити Мол го слави својот 6-ти роденден
Следна статијаСтарата верзија на Skype дефинитивно нема да биде поддржана од ноември