Пред некој ден се соочив со потреба да инсталирам нов модем, а стариот да го рестартирам и одново да ги подесам основните параметри (settings) вклучително и безбедносните. За двата модеми немав податок за user-от и лозинката, па бев принуден малку да прочачкам за оваа работа.

Eве што научив.

Рутерот не зачувува директно ваши лични податоци, но е канал преку кој поминуваат разни податоци за вашите интереси и посети (вклучително и работите кои ги гледате во incognito mode). Вообичаено ретко кој има посебна причина да ги експлоатира овие податоци (иако не е случајно што не „сурфаме“ incognito, нели?!), но рутерите се познати како „слаба точка“ во сајбер безбедноста која често се експлоатира за влез во мрежите (а после сте во рацете на напаѓачите).

  1. За почеток, влезете во „параметрите“ (што за почетници е процес сам по себе). Ако го немате инсталационото CD, можете да стигнете до settings-ите преку веб – вметнете ја URL адресата на рутерот (некоја од овие е: 192.168.1.1, 192.168.0.1, and 192.168.2.1.; за точно, во command prompt напишете ipconfig и ќе ви ја покаже адресата). Default лозинката и корисничкото име се „админ“ (доколку не може да се сетите на лозинката и корисничкото име, рестартирајте го рутерот преку притискање на Ресет копчето на самиот рутер, со што ќе ги вратите параметрите на factory default).
  2. Ажурирајте го firmware-от (оперативниот систем во самиот хардвер која „управува“ со рутерот). Ова е прв и главен чекор за безбедноста на рутерот (па и самите перформанси). Зависи од моделот на рутерот, но ова би требало да е прилично едноставен процес кој е сместен или во делот Router Setup, или About, или пак Firmware Update, или слична комбинација. Во мојот случај, потребно беше прво да го зачувам firmware фајлот и после да го аплоудирам назад (види тука за видео пример), нешто што треба да се прави барем еднаш годишно. Обавезно фајлот да се симнува само од страницата на производителот и не го прекинувај ажурирањето бидејќи може перманентно да го зезне рутерот.
  3. Сега полесниот дел – селекција на најбезбедна енкрипција. Ако имаш опција во понудените, избери WPA2 и AES (Advanced Encryption Standard) алгоритам, како најбезбедни опции во моментот.
  4. За крај, стандардно, останува добра лозинка. Тука веќе е општо познато дека треба да биде некој комплексен термин кој содржи букви, бројки и симболи.

На кратко, тоа е тоа. Би требало рутерот да ви биде ок. Едноставно, не изискува многу време – не го потценувајте рутерот како слаба точка во вашата лична сајбер безбедност.

Претходна статијаСтарата верзија на Skype дефинитивно нема да биде поддржана од ноември
Следна статијаКакви ќе бидат трите задни камери на LG V40?
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.