Skype минатата година доби редизајн којшто значително го промени корисничкиот интерфејс на апликацијата, а доби и повеќе нови функции. Целта на овој редизајн веднаш можеше да се забележи дека е подобра конкуренција со „модерните“ апликации за разговори како Messenger, Snapchat и слични.

Со префрлувањето на своите бизнис корисници се повеќе на Microsoft Teams, Skype ќе остане апликација која во главно ќе биде наменета за обичните корисници, за комуникација со своите пријатели и слично.

Корисниците не реагираа баш најдобро на редизајнот, а Microsoft во меѓувреме направени повеќе промени на апликацијата кои беа најмногу критикувани, па може да се каже дека сега, година дена подоцна, Skype е подобра апликација од таа што беше.

Новата верзија, покрај променет изглед, донесува дополнителни можности за прилагодување на изгледот со избор од повеќе бои, дел во разговорите каде може да се најдат споделените слики, датотеки и линкови, HD видео разговор со до 24 корисници, можност за директно споменување на еден корисник во групните разговори со @ знакот и повеќе.

Десктоп апликацијата иако подоцна го доби овој редизајн, сепак Microsoft не го „наметна“ на корисниците кои се’ уште сакаа да останат на постарата верзија, односно верзија која започнува со бројката 7. Новата редизајнирана верзија од Skype ја носи бројката 8.

Од септември ова сепак ќе се смени, па сите корисници ќе мораат да ја користат најновата верзија од Skype. Истата која не беше достапна како надградба, туку само како посебна инсталација, сега ќе може да се инсталира од старата верзија, а тие кои ќе сакаат што повеќе да го одложат истото, имаат само до 1-ви септември, после која дата старата верзија нема да функционира.

Од Microsoft најавуваат дека Skype ќе добие дополнителни нови функции во периодот што следи, како што се ознаки дали пораката е прочитана, приватни разговори кои ќе бидат шифрирани со познатиот протокол на Signal, снимање на разговорите и слично.

Доколку уште ја користите старата верзија на Skype за десктоп, новата можете да ја инсталирате преку самата апликација или преку следниот линк.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.