Microsoft ги претстави новите генерации од неколку нивни Surface уреди минатиот месец, а како и обично, овие уреди доаѓаат и со нови позадини. За корисниците кои не бараат подалеку од достапните позадини со оперативниот систем, ваквите „освежувања“ на тоа што е достапно е одлично за да направат мала промена.

Причината поради која доста корисници ги користат „вградените“ позадини е што со Windows 11 тоа навистина и вреди да се прави така. Bloom позадината е можеби најубавата која ја има направено Microsoft досега, истата доаѓа во неколку бои, а достапни се и уште неколку позадини.

Bloom позадината со Surface Laptop 5 и Surface Pro 9 добива четири нови бои, а Microsoft ги стави достапни за сите корисници преку Wallpaper Hub страната каде може да се најдат голем број на позадини.

Симнете ги новите Bloom позадини на овој линк.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаMicrosoft потврди дека Call of Duty ќе продолжи да биде достапна на Sony PlayStation
Следна статијаМакпетрол: Намалување на цената на природниот гас во месец ноември за 500 евра
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.