Signal станува уште една апликација која на своите корисници ќе им нуди можност за објава на слики и видеа во посебен дел, кои ги снемува после 24 часа, односно објава на познатите Stories.
Иако првата реакција е „и овие ли“, сепак од компанијата даваат добро објаснување за воведувањето на функцијата, а истакнуваат и дека доста корисници ја барале. Дали ќе им се покаже како успешно, ќе видиме со тек на време.
Stories на Signal беа тестирани, објавија од компанијата минатиот месец, а сега им се достапни на сите корисници на Android и iOS.
Како и името, оваа функција на Signal функционира исто како на Facebook, Instagram, Snapchat и другите. Се избира слика или видео, на нив може да се додаде текст и по некој ефект, по што се објавуваат. Објавата останува достапна 24 часа, по што ја снемува, познат концепт.
Од Signal истакнуваат дека Stories се заштитени со од-крај-до-крај шифрирање, исто како и се друго на оваа апликација, а корисниците можат да изберат кој може да ја види нивната „приказна“.
Изборот е помеѓу сите Signal контакти кои ги вклучуваат сите кои се во контакт листата на корисникот, секој со кого корисникот имал еден на еден разговор, како и сите чии барања за пораки се прифатени.
Покрај ова, корисниците можат да изберат Stories да може да ја видат ограничен број на корисници, како на пример пријателите, а може да се сподели и во групи.
За тие кои сметаат дека Stories не им е место во апликација како Signal, функцијата може целосно да биде исклучена.