Познатиот сервис за препознавање на музика Shazam, кој можеби и не е до толку потребен во денешно време кога музика се слуша преку стриминг сервисите, пушти додаток (екстензија) за Google Chrome.

Сепак, овој додаток сигурно може да се покаже како одличен во ситуации кога корисниците ќе слушнат некоја песна додека гледаат Netflix или некое YouTube видео, гледаат гејминг на Twitch и слично.

Shazam додатокот има поддршка за прикажување на претходно препознаените песни на корисникот преку неговата сметка, а секако песните може потоа да се слушаат преку Apple Music.

За потсетување, Apple ги купи Shazam во 2017 и од тогаш овој сервис функционира како дел од оваа компанија, но остана да е достапен на сите платформи како и претходно, како посебна апликација.

Корисниците на Apple ја добиваат предноста што овој сервис е интегриран во iOS и macOS, но Apple тоа во голема мера го имаше направено и пред да ја купи компанијата.

Додатокот е достапен на овој линк, а покрај на Google Chrome, може да се инсталира на сите Chromium прелистувачи кои поддржуваат инсталација на Chrome додатоци, како Microsoft Edge и другите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаНови филмови и серии на Pickbox NOW
Следна статијаБлидарус: Македонија има најголем и најбрз потенцијал за регионален раст во ИТ секторот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.