Опуштањето со Pickbox NOW секогаш е добра идеја, особено во јануари, најстудениот месец во годината. Нови инспиративни филмови и серии со ѕвездена актерска екипа пристигнуваат на 10 јануари.

Култната британска романтична драма Морис (Maurice) се врти околу двајца пријатели кои се заљубуваат. За да си го поврати статусот во општеството, Клајв се одрекува од својата забранета љубов со Морис и се жени. Оваа лична приказна открива што значи да се соочиш со својата сексуалност. Со ѕвездената актерска постава што ја сочинуваат ХјуГрант, Џејмс Вилби и Руперт Грејвс, ова е филм што не се пропушта!

Пред полноќ  (Before Midnight) романтична драма за еден од најдобрите режисери на денешнината, Ричард Линклатер и е третиот филм од љубовната трилогија. Поминале девет години откако Џеси и Селин сфатиле дека не можат еден без друг, па сега живеат во Париз со своите ќерки. Летото семејно ќе го поминат во Грција, а нивниот однос со кој секогаш постапувале филозофски, сега има сосема поинакви перспективи од тоа кога првпат се виделе во возот. Во главните улоги се Џули Делфи и Итан Хоук, згодни и совршени како и секогаш. 

Самјуел Л. Џексон и Џош Хартнет се во главните улоги во спортската драма Враќање на шампионот (Resurrecting the Champ). Дејствието се врти околу спортскиот новинар Ерик кој го спасува бездомникот Чамп, па набргу открива дека тој всушност е боксерската легенда за која се верува дека починала. Во процесот на откривање на приказната на Чамп, амбициозниот новинар Ерик ги преиспитува својот живот и својот однос со семејството. 

Криминалистичкиот трејлер Секси ѕверка (Sexy Beast) е одличен филм кој се врти околу животот на еден гангстер. Имено, една екипа од пензионирани крадци сега живеат во Шпанија и уживаат. Но во нивниот живот се враќа Логан, гангстер кој ги принудува да одат на последна мисија и грабеж од легендарни размери. За улогата на бруталниот гангстер Логан, Бен Кингсли е номиниран за Оскар, а актерот тврди дека оваа улога ја засновал на својата баба! 

Напнатата акциона криминалистичка драма Панично бегство (Running Scared) ќе ве воодушеви со возбудливата приказна. Откако една операција со дрога тргнува во лоша насока, Џои е задолжен да се ослободи од пиштолот со кој е застрелан еден корумпиран полицаец. Но, работите тргнуваат во лоша насока затоа што едно дете од соседството краде пиштол и го користи за да го убие својот насилен татко. Џои се обидува да ги најде детето и пиштолот пред да го најде полицијата или мафијата.  

Расел Кроу, Кристијан Бејл и Бен Фостер се ѕвездена актерска постава во култниот акционен криминалистички филм Во 3:10 за Јума (3:10 to Yuma). Ранчерот Ден (Бејл) заминува во Бизби за да ги разјасни проблемите во врска со продажбата на неговата земја. Но, таму е сведок на грабеж што го води славниот одметник Бен Вејд (Кроу). Кога го фаќаат властите, Ден е еден од придружниците кои треба да го однесат кај возот за Јума во 3 и 10 часот, за награда од 200 долари.

Историската биографска драма Боби (Bobby) е приказна за атентатот на американскиот сенатор Роберт Ф. Кенеди кој е застрелан во раните утрински часови на 5 јуни 1968 година во хотелот „Амбасадор“ во Лос Анџелес. Животите на дваесет и двајца луѓе кои во тој момент биле во хотелот веќе никогаш не биле исти. Ѕвездената актерска постава ја сочинуваат Ентони Хопкинс, Деми Мур, Шерон Стоун и Хари Белафонте.

Деловни луѓе (The Company Men) се врти околу тројца мажи кои ги играат фантастичните Бен Афлек, Томи Ли Џоунс и Крис Купер. За една година, тројца од нив се обидуваат да ги преживеат промените што се случуваат во големата компанија каде што работат. Како ќе влијае тоа врз нив, нивните семејства и целата заедница, погледнете во овој инспиративен филм.

Освен овие генијални филмови, на 14 јануари почнува и прикажувањето на втората сезона од фантастичната серија Излез (Exit). Најгледаната скандинавска серија на светот ќе ве воодушеви со приказната и лудите ликови и ќе го открие скриениот, досега невиден свет на богатите Норвежани. 

Најладниот месец во годината поминете го во топлината на својот дом со Pickbox NOW, фантастични филмови и одлични серии од 10 јануари!

Претходна статијаOnePlus 10 Pro е најновиот смартфон од високата класа од овој популарен кинески производител
Следна статијаShazam додатокот за Google Chrome овозможува брзо препознавање на музика од десктоп компјутерите