firefox-windows8-beta

После долго време на најава и развој, Mozilla конечно ја претстави поддршката за модерната верзија од својот познат прелистувач Firefox. Можноста за користење во модерната околина, како што се нарекува Windows 8 делот наменет во главно за екраните на допир, беше прво овозможена на корисниците на бета верзијата од Firefox, по што требаше да биде овозможена за сите во наредната стабилна верзија. Меѓутоа на само неколку дена пред излегувањето на стабилната верзија, Mozilla го откажа развивањето на модерната верзија и можноста не беше вклучена во новата верзија. Официјалното објаснување за оваа одлука беше слабиот интерес за тестирање на бета верзијата.

Поранешниот програмер од Mozilla кој што има работено на развојот на оваа верзија, Brian Bondy, на својот блог излезе со негово гледиште за оваа работа. Тој смета дека причината поради која што модерната верзија од Firefox имала мал број на корисници е во правилата кој што Microsoft ги има поставено за прелистувачите во Windows 8. Поточно, за да некој прелистувач може да се користи во модерната околина, истиот потребно е прво да биде поставен како главен (default) прелистувач во оперативниот систем. Кога на тоа ќе се додаде усложнетата процедура, според Brian, за поставување на некој прелистувач како главен, голем број на корисници едноставно не се ни обидувале да го пробаат прелистувачот. Тој смета дека голем број од корисниците не ни знаеле дека прелистувачот што го користат можеби има таква можност.

Brian продолжува со тврдењето, кое што навистина е точно, дека Microsoft треба да размисли да ги олесни ваквите работи затоа што поголемиот број на апликации во нивниот оперативен систем, значи и негова поголема популарност, а со тоа број на корисници. Ова е посебно важно поради слабата прифатеност на Windows 8 и се поголемата конкуренција од мобилните уреди на кои што не успева да им конкурира, иако беше направен токму за таа цел.

Извор: Engadget

Претходна статијаApple размислува за iTunes Store апликација на Android и сервис за стримување на музика
Следна статијаТурција го блокира пристапот до Twitter што предизвика огромен пораст на твитови од земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.