erdogan-speach

Како што можеби повеќето од вас сте запознаени, поради актуелноста на случувањата на вестите, Турската влада е во центарот на корупциски скандал веќе подолг период. Карактеристично за ерата на интернетот, а посебно социјалните мрежи, вестите и информациите околу скандалот масовно се шират помеѓу луѓето. Една од работите кои што се проширија, а секако тоа не им одговара на властите, е снимка на која што наводно премиерот Реџеп Таип Ердоган разговара со својот син за поголема сума на пари.

Прво што се имаат обидено од Турската влада е преку барање до Twitter да ги отстранат линковите на оваа социјална мрежа кои водат до информации кои што не би сакале да бидат достапни. Се разбира тврдењата се дека тие не се вистинити и дека се поставени од нивните противници. Поради неуспехот со ова барање премиерот се има закането дека целосно ќе го блокира пристапот до мрежата за турските корисници, што по оваа најава истото почнало да се случува постепено кај сите корисници.

Сепак блокирањето на пристапот не значи и дека нема никаков начин корисниците да се поврзат на Twitter, па така користејќи ја можноста за испраќање на твитови преку SMS, посебни DNS сервери, како и VPN сервиси, голем број на корисници масовно почнале да објавуваат на оваа мрежа. Според одредени информации по почетокот на блокирањето на пристапот од Twitter, бројот на твитови од Турција се има зголемено за 138%.

Меѓународната заедница може да каже ова, може да каже она. Мене воопшто не ми е гајле. Сите ќе видат колку е моќна Република Турција – Реџеп Таип Ердоган

Претходна статијаПравилата на Microsoft се причина за откажување на Firefox за Windows 8
Следна статијаПробајте ги функциите на новиот Galaxy S5 преку апликација за Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.