features_store_gallery1

Во последните години се повеќе популарни стануваат апликациите од типот на Spotify, Pandora и слични, кои што се базираат на неограничено стримување на музика, наместо нејзино симнување во форма на албум или песна, поради што забележано е опаѓање на продажбите на музика преку iTunes продавницата. Со цел задржување на пазарот на музика, кој што може да се каже дека беше значително променет од страна на Apple со претставувањето на iTunes продавницата, од таму размислуваат за проширување на своите сервиси.

Информациите доаѓаат од извори на Billboard и истите велат дека во Apple се размислува за воведување на две новости. Едната е започнување на нивни сервис за стримување на музика, за што од компанијата веќе се наводно во преговори со издавачките куќи. Apple минатата година го претстави iTunes радио сервисот кој што сепак работи на основа на радио станици, а не на стримување на конкретна музика избрана од корисникот.

Другата новост за која што се размислува во Apple е изработка на iTunes Store апликација за Android оперативниот систем. Со овој потег нивната продавница би била проширена на многу поголем пазар, со оглед на фактот дека Android е во огромно водство кога се работи за мобилни корисници. Тоа се корисници кои што Apple потенцијално може да почне да ги опслужува, наместо да се труди тие да станат корисници на некој од нивните производи како iPhone. Покрај на нивните производи, iTunes продавницата е достапна и на Windows оперативниот систем, за што Steve Jobs направи шега во едно интервју изјавувајќи дека тоа е најпопуларната апликација на тој оперативен систем и дека тоа е како да му дадете чаша вода на некој во пеколот.

Овие информации не се потврдени од страна на Apple, па не се знае дали навистина тие размислуваат за нешто вакво, а и да размислуваат дали некогаш истото ќе биде спроведено. Оваа информација сепак не прави некоја разлика за корисниците од Македонија поради фактот што ваквите музички сервиси сеуште не функционираат тука, а нема ни информации кога би почнале.

Извор: Billboard, Engadget

Претходна статијаVolvo ќе ја проценува состојбата на возачот преку систем за препознавање на лицето
Следна статијаПравилата на Microsoft се причина за откажување на Firefox за Windows 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.