Фото: Shutterstock.com

Picture-in-picture, односно слика-во-слика, е доста корисна функција на YouTube која им е достапна на Premium корисниците, односно тие кои ја плаќаат месечната YouTube Premium претплата. Оваа функција е и една од причините зошто станаа популарни алтернативни апликации за пристап до сервисот.

Кратко кажано, со слика-во-слика, корисниците можат да продолжат да го гледаат видеото кое го имаат почнато во помала слика со две големини, откако ќе се тргнат од YouTube апликацијата, односно ќе дојдат на главниот екран или на некоја друга апликација.

Со тоа може да се продолжи со гледање на видеото и во исто време да се разгледува некоја веб страна, да се прави разговор на Messenger и слично.

Оваа функција на iOS е достапна како експериментална и треба посебно да се вклучи. Овие денови корисниците добија известување дека експерименталниот период е поминат, но не пишуваше што потоа.

Од Google излегоа со информација дека функцијата ќе им стане официјално достапна на сите корисниците, без потреба со вклучување на експерименталните функции. Според известувањето од компанијата, функцијата ќе стане достапна во деновите што следат.

Според дел од информациите, оваа функција треба да е достапна во САД, но сепак би требало да ја добијат сите корисници во светот, односно барем тие кои ја плаќаат претплатата за сервисот.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаЕлон Маск сепак нема да биде дел од одборот на директори на Twitter
Следна статијаКугларите на „Макпетрол“ го освоија националниот куп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.