Минатата недела Елон Маск стана најголемиот поединечен акционер во Twitter, со купување на 9,2% од акциите на компанијата. Ова дојде по критиките кои ги имаше тој за придржувањето до принципите на слобода на говор од страна на мрежата и најава дека сериозно размислува да почне сопствена друштвена мрежа.

Со станувањето на најголемиот поединечен акционер, беше објавено и дека Маск станува дел од одборот на директори на компанијата, па најавите за влијание на пазарот на друштвени мрежи стана реалност.

Сепак, Маск нема да влезе во одборот на директори на Twitter, а дека тој ја има донесено оваа одлука објави директорот на компанијата.

Тој истакна дека после разговорите со одборот на директори, како и директно со Маск, тој подоцна ги информирал дека сепак нема да се приклучи на одборот.

Причина за оваа одлука засега нема, па можеме само да претпоставуваме.

Една од можните причина за премислувањето на Маск е ограничувањето кое беше дел од договорот за негов влез во одборот на директори. Според договорот, Маск немаше да смее да купи повеќе од 15% од Twitter, поточно 14,9%, за време на траењето на неговиот двегодишен мандат во одборот и уште три месеци подоцна.

Можно е Маск да планира да купи поголем дел од Twitter, па не сака да се откаже од тие планови само за едно место во одборот на директори, кое иако ќе му донесеше големо влијание, тоа не може да се спореди со купување на мнозински дел од компанијата.

Претходна статијаВредноста на онлајн трансакциите во 2021 изнесува 437 милиони евра, годишен раст од 59%
Следна статија„Picture-in-picture“ функцијата на YouTube на iOS ќе им биде пуштена на сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.