Фото: Shutterstock.com

По одложувањето на забраната на TikTok, која требаше да стапи на сила во јануари врз основа на закон донесен минатата година, не можевме да прочитаме многу за иднината на оваа апликација во САД. 

Одложувањето беше дискутабилно дали може да се направи само со извршна наредба од претседателот, но истото беше направено и почитувано. Ова одложување според законот можеше да биде направено во период од 75 денови, во кои потребно е да се договори продажба на апликацијата. 

Овој рок истекува утре, односно на 5 април, а досега не можевме да прочитаме дека има некаков напредок во договарањето на продажба на TikTok. 

Интерес за купување на апликацијата покажаа Oracle, како и познатата Perplexity AI, а имаше и информација дека повторно Microsoft влегле во игра.  

Заинтересирани биле уште неколку компании и личности, а интересно е што цело време останува ставот на ByteDance дека тие не планираат да ја продадат апликацијата. 

Сега, според информации од The New York Times, Amazon биле заинтересирани да ја купат апликацијата, иако според некои оваа понуда не била сериозна.

Овие неколку недели можевме да слушнеме за TikTok во интервју на потпретседателот на САД, а имаше и информации дека Трамп ја додава апликацијата како фактор во преговорите за царините кои ги додава на производите од Кина. 

За брзо ќе мора да се дознае дали и какво решение е договорено, инаку апликацијата ќе мора да биде забранета во САД, пазар кој не е баш мал за да истото се дозволи. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаЗапознајте ја Awesome Intelligence: Нов пристап до забавна и достапна мобилна вештачка интелигенција
Следна статијаМакедонија во центарот на олимписките подготовки: Chefs de Mission семинар и одбројување 100 дена до ЕМОФ Скопје 2025
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.