here-devices

Иако Google Maps се се’ уште едни од најкорисните и најпопуларни мапи, сепак остануваат со една маана, а тоа е неможноста за целосно симнување на мапи за одредена земја и нивно користење офлајн. Тоа е главната предност која што има ја нудат на корисниците HERE Maps, апликација развивана од страна на Nokia, делот од компанијата кој што не беше продаден на Microsoft. Со оваа апликација можете да ги симнете целосно мапите од земјите кои што ќе ги изберете, па потоа да ги користите без потреба од интернет конекција, вклучувајќи ја можноста за пребарување на места и навигација.

HERE Maps се разбира нудат многу повеќе од можноста да ги симнете мапите на вашиот уред. Преку нив можете да барате одредени места, како и можеби најважната за одредени ситуации, поддржуваат целосна turn-by-turn навигација. Со други зборови HERE Maps е апликација која што ги нуди сите во денешно време популарни функции.

По купувањето на делот од Nokia за мобилни телефони и сервиси, од HERE најавија дека ќе започнат со посериозно развивање на апликации за Android оперативниот систем, почнувајќи се разбира со нивниот моментално најпопуларен производ, HERE Maps. Мапите прво беа достапни ексклузивно за корисниците на Galaxy уредите од Samsung, а беше најавена поддршка и за другите. Не помина многу време пред поддршката да дојде и за другите корисници, па од оваа недела можете да ја симнете бета верзија од апликацијата.

hand_android

HERE Maps моментално не се достапни во Play продавницата за апликации, па доколку сакате да ја пробате ќе мора да го симнете apk фајлот и да ја инсталирате апликацијата директно од него. Да ве потсетиме, доколку сакате да инсталирате апликација преку apk фајлот, потребно е да дозволите инсталирање на апликации од „Unknown sources“ во менито на вашиот уред.

Апликацијата е компатибилна со сите уреди кои што работат на Android 4.1 или понов, а од компанијата препорачуваат да се користи на уреди кои што имаат најмалку 1GB RAM меморија.

Извор: HERE, TechnoBuffalo

Претходна статијаДали конечно е детектирана темната материја?
Следна статијаSamsung го претстави Galaxy S5 Plus со подобриот Snapdgragon 805 чипсет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.