Трговци, нема повеќе пропуштени можности за продажба. Без разлика дали не сте можеле да прифаќате плаќања со картичка поради недостаток на традиционален POS терминал или сте подготвени да го модернизирате системот за плаќање, NLB Smart POS на вашиот телефон е „game changer“ за вашиот бизнис.

Динамичниот свет на трговијата секојдневно се менува, а адаптацијата не е веќе само опција, туку станува неопходна за опстанок и раст.

Со апликацијата NLB Smart POS, малите и средни бизниси како како ресторани, фризери, козметички салони, такси возачи, цвеќарници, пекари, курири, бизниси во движење, можат да прифаќаат безготовински плаќања за нивните производи и услуги без потреба од традиционален POS терминал. Додека традиционалните POS терминали ве ограничуваат на границите на вашата физичка продавница, NLB Smart POS овозможува безготовинска наплата во кое било време и на кое било место, едноставно и безбедно преку мобилен телефон.

Апликацијата NLB Smart POS се инсталира директно на мобилниот уред на трговецот и/или на персоналот и e првата сертифицирана tap-on-phone мобилна Android апликација со функција на POS терминал во земјава, при што сите добиени средства се депонираат на сметката на трговецот. Ова му овозможува на телефонот да прифаќа и реализира бесконтактни плаќања со VISA и Mastercard картички издадени од која било банка, преку мобилни апликации за плаќање како Google Pay, Garmin Pay и други.

Значајна предност за трговците е тоа што апликацијата е бесплатна за преземање од Play Store и е полесна за инсталирање и одржување во споредба со традиционалните POS терминали.

Ако сте трговец и ги согледавте предностите на NLB Smart POS:

– Преземете ја бесплатно апликацијата NLB Smart POS од Play Store

– Инсталирајте директно на мобилниот уред и/или на уредите на вашиот на персонал и

– Модернизирајте го вашиот систем за безготовински плаќања

Повеќе информации за NLB Smart POS се достапни на www.nlb.mk, во сите експозитури на НЛБ Банка и на телефонски број 02/15600.

Претходна статијаCanva ја купи познатата алтернатива на Adobe, Affinity
Следна статијаMicrosoft го враќа развојот на Windows и Surface уредите под еден сектор