Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица на платформата Huawei AppGallery е од големо значење бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.

НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаат модерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да ги реализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста  за аплицирање за НЛБ мКлик кредит, како и on-line отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.

НЛБ мКлик за физички лица е достапна на линкот. 

Апликацијата НЛБ мПроклик за правни лица е достапна на линкот.

Официјалната платформа за преземање апликации на HUAWEI, AppGallery, е во топ 3 продавници за апликации на глобално ниво. Дистрибуирана во над 170 земји и региони, со над 500 милиони активни корисници месечно. На локално ниво, HUAWEI AppGallery брзо се збогатува со најкорисните и најомилените апликации на македонските корисници, вклучително и апликациите на НЛБ Банка.

Претходна статијаИзбрано победничко решение на предизвикот „Портал за отворени општини“
Следна статија#ReFRESH: Agriculture & Tourism – преку хакатони, студентите со свежи идеи ги помагаат секторите туризам и земјоделство