Изминатите два викенда се организираа два –хакатона, виртуелни колаборативни настани  на кои студентите од различни факултети тимски работеа за во рок од 48 часа да кодираат и создадат софтверски решенија применливи во секторите туризам и земјоделство. Студентскиот парламент на ФИНКИ ги организираше двата хакатони под името #ReFRESH: Agriculture & Tourism. Активноста се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

На хакатоните учество земаа 30 студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултетот за информатика при УТМС, Факултетот за земјоделски науки и храна и Факултетот за туризам при УТМС кои поделени во тимови од 3 учесници и под менторство на професори, развиваа идеи кои беа детектирани од претходни средби со компаниите од туризам и земјоделство.

На хакатонот за туризам победи тим студенти кои предложија решение корисно за туроператорите  бидејќи ќе им заштеди време и напор за известување и менаџирање на целиот синџир во турите кои ги организираат – превозници, сместувачки капацитети, ресторани, туристички водичи итн. Со самото резервирање на турата, автоматски ќе се испраќа е-меил со агенда и сите вклучени во турата ќе знаат детали за својот ангажман.

На второорганизираниот хакатон,наменет за секторот земјоделство, победничка идеја беше платформа на која земјоделци можат да продаваат сертифицирани автохтони семиња кои се одобрени од Министерството за земјоделство. Освен продажба, платформата ќе има и форум со прашања на оваа тематика.

Двата победнички тима имаат уште 4 месеци да ги доразвијат софтверските решенија, кои потоа ќе бидат понудени како готови продукти пред компании од двата сектори. И останатите тимови кои беа дел од овој настан ќе можат да ги испрезентираат своите решенија и доколку некоја од компаниите има потреба од такво решение, ќе може да го финансира до негова имплементација.

Хакатоните беа одлична можност за студентите, преку соработка со колеги и професори, да го применат своето знаење работејќи на реални проблеми од секторите. Од друга страна, на фирмите од двата сектори им се понудија решенија за дигитализација и осовременување на нивната работа.

Освен хакатонот #ReFRESH: Agriculture & Tourism, СП ФИНКИ организира и други хакатони и активности за подобрување и згоемување на студентските знаења Повеќе информации на Facebook, Instagram и Youtube.

Претходна статијаМобилното банкарство на НЛБ Банка сега достапно и на HUAWEI AppGallery
Следна статијаSmartus.mk со одлични новогодишни и божиќни попусти на нивните производи