Microsoft работи на редизајн на нивниот Edge прелистувач со цел да тој повеќе се разликува од останатите, а посебно од другите Chromium прелистувачи. Оваа информација е неофицијална и наводно работата на редизајнот внатре во компанијата го има кодното име Phoenix.

Редизајнот вклучува повеќе елементи направени во стилот на Windows 11, како и поголема интеграција со овој оперативен систем. Дополнително, планирани се заоблени табови, како и можност за прикажување на две веб страни во еден таб кој е поделен на половина.

Дел, ако не и повеќето од новините кои се планираат веќе може да се вклучат во тест верзиите од Microsoft Edge, па достапни се визуелни ефекти од Windows 11 во горниот дел од апликацијата, ефекти на проѕирност од Windows 11 во менијата на Edge, како и заоблени табови.

Корисниците исто така можат да ја вклучат „split“ функцијата, односно можноста за поделба на табот на два дела и прикажување на две веб страни една до друга.

Не е познато дали од Microsoft планираат да ги пуштат сите промени наеднаш во една нова верзија или постепено една по една да ги пуштаат со тек на време. Како и да е, јасно е дека Microsoft Edge во периодот што следи ќе изгледа поразлично од сега, а и веќе нема да потсетува на уште еден Chromium прелистувач.

Дополнително, се најавува користење на Edge како менаџер за лозинки за целиот оперативен систем, како и вклучување на прилагодувањето на Edge при почетното прилагодување на Windows 11. Microsoft Edge се најавува дека ќе добие и функција за следење на времето поминато на прелистувачот, нешто што одамна го има кај мобилните оперативни системи.

Кратко видео од можните промени кај Edge има објавено WalkingCat на Twitter, кое можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаMeta одлучи да ги тргне суспензиите на Facebook и Instagram профилите на Доналд Трамп
Следна статијаWindows 11 добива можност за снимање на екранот преку Snipping Tool апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.