Microsoft

Во тест верзиите од Microsoft Edge достапна е за вклучување нова функција наречена Split Screen. Како што може да се претпостави, оваа функција овозможува прикажување на две веб страни во еден „таб“, со поделување на половина на тој таб.

Вакво нешто може да се постигне со отворање на два различни прозори и поставување на половината од екранот, но секои нови функции кои ги скратуваат чекорите за правење нешто, на еден клик, се секогаш добредојдени.

За вакво нешто достапни се и додатоци кај повеќето прелистувачи, но секогаш е добро кога нешто е интегрирано во самиот прелистувач.

Засега оваа новина е достапна во тест верзиите од Edge, а и во тие верзии треба да биде посебно вклучена, па ќе видиме за кога е планирана да биде пуштена за сите корисници.

Ваквата можност е одлична за ситуациите кога се прави споредба на нешто на две веб страни, па со нивно поставување една до друга, споредбата е многу полесно да се направи.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаiPhone 15 Pro можно е да има потенки и заоблени рамки на екранот
Следна статијаВидео од претставувањето на „Compact Disc“ во 1982 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.