Фото: Shutterstock.com

Мобилната апликација од Outlook на Microsoft користи доста ресурси, па не ретко се има случено да проблем со неа имаат и поскапите телефони. Ова значи дека апликацијата е скоро невозможно да се користи на поевтините телефони, па од компанијата сакаат да ја променат оваа ситуација.

Microsoft работи на полесна верзија од Outlook која очекувано треба да го носи името Outlook Lite. Ваква апликација веќе се тестира од страна на компанијата, па со ова најверојатно ќе биде пуштена за повеќето корисници.

Според информациите, апликацијата ќе биде скоро иста како стандардната, но ќе зафаќа доста помалку простор и секако ќе работи доста побрзо.

Тоа што би требало да е недостапно е можноста за поврзување со повеќе сметки, но оваа информација може да не е точна со оглед на тоа што целата поента за користење на Outlook се намалува доколку може да се користи само со еден сервис.

Апликацијата треба да стане достапна овој месец, па ќе видиме каква ќе биде, а доколку вашата работа бара користење на Outlook, сега тоа ќе може да го правите на било каков уред.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаПотрошувачки Еко-кредит на Халкбанк за енергетски ефикасни производи и проекти
Следна статијаARM ја претстави втората генерација на процесори од armv9 архитектурата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.