ARM го претстави дизајнот за наредната генерација од процесори, а ова се одлични вести за корисниците на Android и PC кои идната година можат да очекуваат добри зголемувања на перформансите на нивните уреди.

Дизајните од ARM ги користат компании како Qualcomm, Samsung и MediaTek, кои се најпознатите во светот за производство на мобилни чипови.

Главниот нов процесор кој го најави ARM е Cortex-X3, третата генерација од силните Cortex-X процесори, а е втората која работи на новата armV9 архитектура која беше претставена минатата година.

Рано е за поголеми детали, но од ARM најавуваат дека Cortex-X3 ќе донесе 25% подобрување на перформансите кај смартфоните, а ова подобрување ќе достигне дури 34% кај компјутерите.

Со оглед на тоа дека мобилните чипови редовно се развиваат и надградуваат, тоа што навистина го очекуваме е конечно претставување на добра алтернатива на MacBook кај Windows конкурентите. Иако Intel со новите генерации овозможува доста поштедливи чипови, сепак тешко кој успева да им конкурира на M чиповите од Apple.

ARM ги претстави и Cortex-A715, како и Cortex-A510, очекувано со оглед на тоа што чиповите обично се прават со неколку видови на процесори со што се овозможуваат поголеми перформанси, но и заштеда на енергија.

За Cortex-A715 се истакнува дека може да се спореди со Cortex-X1, најсилниот процесор за мобилните пред две години.

Од компанијата го претставија и дизајнот за наредната генерација од графичките процесори кои сега го носат брендот Immortalis. Тоа што ќе донесат овие процесори е „ray tracing“ кај мобилните, односно ARM донесува конкуренција на AMD кои веќе преку Samsung ја овозможуваат оваа функција.

Засега нема најави дека овој процесор ќе биде достапен и кај Windows компјутерите, но сепак ќе оставиме до идната година да видиме што се ќе биде претставено на пазарот на основа на овие нови дизајни.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2ARM
Претходна статијаMicrosoft сака нивната Outlook мобилна апликација да може да се користи и на послабите Android телефони
Следна статијаXiaomi ја претстави 12S серијата развиена во соработка со Leica
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.