Shutterstock.com

Иако Microsoft како главен производ го нуди Microsoft 365, достапен преку месечна или годишна претплата, сепак на корисниците повторно ќе им го понуди „стариот“ посебен пакет од Office кој може да се инсталира и да не зависи од „облакот“.

Microsoft Office 2021 беше најавен на почетокот од оваа година, па сега конечно имаме и точна дата кога ќе им стане достапен на корисниците за купување. Точната цена уште не е позната, но како и обично истата би требало да е повисока од сумата која корисниците на Microsoft 365 ја плаќаат во една година.

Датата на која ќе стане достапен пакетот е иста со официјалното пуштање на Windows 11, односно 5ти октомври. Тогаш ќе се дознае и цената, па корисниците кои преферираат вака да го користат Office, конечно добиваат нова верзија со повеќето модерни нови функции кои ги имаат корисниците на Microsoft 365.

Сепак, предностите на Microsoft 365 вклучуваат функции како почести надградби со нови функции, 1TB простор преку OneDrive, како и 1 час месечно разговори со телефонски линии преку Skype. Исто така, поради можноста за плаќање месечно или годишно, сумата која корисникот ја плаќа веднаш е доста пониска.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаРецензија Samsung Galaxy Z Fold3 – спремен за секојдневно користење и незаменлив за напредните корисници
Следна статијаAпаратите за домаќинство во домот се одраз на нашиот стил
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.