Покрај големиот редизајн на Windows, поддршката за Android апликации требаше да биде една од најголемите новини кај Windows 11 кој беше пуштен пред нешто повеќе од една година.

Оваа функција сепак не беше пуштена со официјалната верзија од Windows 11, па нејзиното тестирање преку Windows Insider програмата почна при крајот на минатата година, а на почетокот од оваа достапноста беше проширена кај повеќето корисници.

За жал, ова проширување на достапноста беше само за корисниците во САД, а нешто подоцна и Јапонија, па останатите останавме да чекаме без информација кога од компанијата планираат поширока достапност.

За време на пуштањето на првата поголема надградба на Windows 11, односно Windows 11 2022 Update, Microsoft најави дека Android апликациите доаѓаат во 31 нова земја, а од самата бројка можеше да се претпостави дека Македонија нема да биде една од нив.

Достапноста на Android апликации, поточно на Android Subsystem for Windows, сега е проширена и кај корисниците од Австралија, Канада, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и други, а целосната листа е достапна тука.

Ова дава надеж дека работите ќе продолжат побрзо да се движат, па можеби до крајот на годината или почетокот на идната и ние ќе можеме да користиме Android апликации на Windows 11.

Инаку, бројката на апликации кои се достапни не може да се спореди со тие на Android, односно не се сите апликации достапни. Истите моментално се околу 20.000 и можат да се инсталираат преку Amazon App Store.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаvivo ја лансираше својата следна генерација паметни телефони на преклопување, X Fold+
Следна статијаNetflix остануваат сериозни за понудата на игри – основаат сопствено студио за игри
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments