Веб апликациите кои може да се инсталираат на компјутерите или на мобилните, односно таканаречените PWA – progressive web apps, се одлична алтернатива за сервисите кои немаат апликација. Овие апликации, со мала измена на веб страната или веб апликацијата, можат да бидат инсталирани на било кој уред и да се однесуваат како обичните, односно стандардните апликации на тој оперативен систем.

Со тек на годините, можностите на овие апликации се имаат зголемено, па тие покрај тоа што можат да ги користат ресурсите од уредот, може да се користат за споделување на содржина и слично, односно навистина да се однесуваат како било која од апликациите кои корисникот ги симнува и инсталира.

Досега главниот начин да се познае дека се работи за PWA апликација, наместо за класична десктоп апликација е изгледот на истите. Поточно, PWA апликациите немаат пристап до целиот прозор кај десктоп компјутерите, па овој дел обично останува неискористен и празен, односно на него само е достапен насловот на апликацијата.

Microsoft го решава овој „проблем“ и им ги овозможува овие 30 пиксели, колку што е отприлика празниот простор, на веб апликациите. Со помош на Window Controls Overlay апликациите ќе можат да го искористат и горниот дел од прозорите, исто како што тоа сега го имаат како можност сите други апликации.

Од компанијата истакнуваат дека иако тој простор делува како мал и 30 пиксели не се многу, сепак може да се направи голема разлика и во тој дел да се постават работи како мени, посебе наслов, информации за сметката, табови за навигација и слично.

PWA апликациите можат да станат нешто повеќе популарни, а со тоа да овозможат подобро корисничко искуство на платформите каде не е достапна апликација. Ваквата новина од Microsoft, за која соработува и со програмерите на другите прелистувачи, дефинитивно ќе направи да програмерите почесто се одлучуваат за оваа поедноставна, брза и поевтина алтернатива на развојот на целосно нови и посебни апликации за секоја платформа.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаMicrosoft го враќа Task Manager во менито од „таскбарот“ кое е сведено на една можност
Следна статијаTwitter ја пушти можноста за измена на објави во неколку земји
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.